Захари Меки загинал од струен удар додека уринирал на пругата во подземната станица во предградието на Чикаго. Како што навела полицијата, Меки се спуштил на пругата и дошол во контакт со електричната инсталација. Обезбедувањето на метрото било веднаш известено, но било предоцна да се спаси животот на момчето.


Не е јасно дали уринирал директно на шините, но и покрај прифатеното верување, малку е веројатно дека тоа може да доведе до смрт. Во тој случај, жртвата би морала да стои многу близу до шините и млазот од урината да тече непрекинато за да се спроведе напонот. Медиумите навеле дека воглавно млазот се разделува на капки, што го попречува преносот на напонот, па според некои немало опасност од струен удар за време на уринирањето.