Џон Едвардс, домарот на зграда во Манчестер, се загрижил за 63 годишниот станар. Долго не го видел, па влегол во станот и го пронашол мртвото тело од станарот.

Патолозите утврдиле дека смртта настанала поради неговата навика да го чепка носот. Со ноктите ги оштетил капиларите во носната шуплина и искрварил до смрт.


„Носната шуплина му била исполнета со крв, единствениот логичен заклучок е дека умрел од „епитекса“ (медицински назив за крварење од нос). Најчестиот причинител на епитекса е чепкањето на носот, и верувам дека покојниот всушност тоа и го правел.“ – објаснува патологот др, Емир Бенов.