Новиот колумбиски закон за забрана на пушење се претворил во смртна пресуда за сопственикот на еден бар во Богота, кој со нож го убил незадоволен гостин, објавија колумбиските медиуми.
Убиството се случило во средата доцна на вечер, кога гостинот во барот, веројатно под дејство на алкохол, одлучил да ја игнорира забраната за пушење на која го потсетил келнерот. Сопственикот на барот потоа забранил тврдоглавиот гостин да се послужува со алкохол.
Таа одлука предизвикала бес кај гостинот, па со нож го избодел келнерот и тешко го повредил, а сопственикот со истиот нож го убил.