Тореадорот Кристијан Ернандес бил уапсен поради тоа што бегајќи од разлутениот бик ја прескокнал оградата на арената „Плаза Мексико“ во Мексико Сити. Организаторите на коридата соопштиле дека Ернандес бил уапсен затоа што го прекршил договорот и ја осрамотил професијата.


Од затвор бил ослободен по плаќањето на казната. Во борбата, каква до сега не била забележана во светот, Ернандес го разлутил бикот, а потоа почнал да бега. Го прескокнал ѕидот и се нашол меѓу гледачите кои биле исто толку нервозни колку и самото животно. Некако успеал да се извлече и побегнал, но набрзо бил уапсен.