Пол Болдвин од Портсмут била уапсен од полицијата дури 154 пати. Последен пат бил уапсен во понеделникот поради кражба на гајба пиво од една продавница. Бил апсен поради прекршоци, фалсификување на имиња, кражби, подметнување пожари и така натака. На судијата последниот пат му рекол дека не му треба адвокат бидејќи бил на судење повеќе пати и од самиот судија.


Во затвор бил една година поради кражба. Само една седмица откако излегол бил повторно уапсен поради тепачка на јавно место. Добил казна затвор уште една година. Кога конечно излегол пред две седмици, бил повторно уапсен поради случајот со пивото. Шефот на полицијата во Портсмут изјавил дека не познава некој кој бил апсен толку пати како Пол.