Една жена од Саудиска Арабија одлучила да го тужи хотелот со пет звездички во градот Јида бидејќи ја каснал комарец. Во понеделникот почнало судењето, а таа бара оштета од околу 100 илјади долари.


Тврди дека поради неколкуте каснувања од комарец се чувствувала болно додека престојувала во хотелот на одмор. Кожата и станала црвена и се ја болело. За подигнувањето на тужбата ги известила и сопствениците на хотелот.