По две години откако со ќерката била на концертот на Бибер, Стејси Вилсон го тужи пејачот и бара оштета од 9.23 милиони долари.

Стејси во 2010 година со нејзината ќерка била на концертот на Џастин Бибер, но две години подоцна го тужи тинејџерскиот идол бидејќи поради врисоците на фановите и буката на концертот во Орегон трајно и е оштетен слухот.

-Слухот ми е оштетен поради експлозија на звукот која ја премина дозволената граница на децибелите. Освен ослабен слух, патам од постојано зуење во главата и зголемена чувствителност на звукот.-вели Стејси

Таа тврди дека освен почетното врискање кое било само по себе неподносливо за неа, Бибер ги предизвикувал фановите да врискаат уште повеќе мафтајќи им со рацете.