Една средношколска професорка од Германија го тужела својот ученик бидејќи на таблата нацртал зајак, но судот момчето го ослободило од вината. Професорката имала ретка фобија од зајаци и еден од учениците тоа го дознал само неколку дена пред да почне да им предава. Им раскажал на другарите, а тие одлучиле да и нацртаат зајак на таблата.
Штом влегла во училницата, професорката добила напад на паника, па морала да интервенира и итната помош. Момчето подоцна се извинило, но професорката сепак одлучила да го тужи.