Италијанец од Парма е казнет со казна од 500 евра бидејќи ја оставил мачката од својата сопруга на тераса откако уринирала во неговиот плакар. Лаура Марчеси ги наговорила од друштвото за заштита на животни да ангажираат адвокат против нејзиниот сопруг.
Им раскажала како го пронашла својот љубимец како се тресе од студ откако цела вечер ја поминал на балкон. Судот одредил дека сопругот мора да плати 500 евра казна плус трошоци за ветеринарски преглед. Не се знае како овој случај влијаел на нивниот понатамошен однос.