Една жителка на Кина го тужела киното во градот Сијан бидејќи била осудена да гледа 20 минути реклами пред да почне филмот. Таа ги тужела бидејќи претходно не била предупредена дека ќе бидат пуштени реклами. Поради тоа бара оштета од дистрибутерите на филмот како и од сопственикот на киното. Покрај парите кои ги платила за билетот бара и писмено извинување.


Таа исто така бара од сопственикот во иднина да ги предупреди посетителите на рекламите. Филмот кој сакала да го гледа е најуспешниот кинески филм на сите времиња. Се бави со тема од последиците на катастрофалниот земјотрес кој 1976 година го погодил кинескиот град Тангсан и усмртил 240 илјади луѓе.