Една девојка од Јапонија, чија позадина во гаќички „Гугл“ го објавил на својата страна “Streeet View” , одлучила да ја тужи компанијата поради нарушување на приватноста. Вели дека ја обзел страв бидејќи би можела да биде мета на сексуално злосторство.
 


Несреќната девојка објаснила дека ја изгубила работата и морала да го смени местото на живеење. Тоа било шокантно искуство за неа. Интересно е и тоа дека таа наводно болува од опсесивно-компулсивно пореметување, што ја оправдува нејзината параноја и според многумина претерана реакција. Не е познато колкава оштета побарала.