За Словенецот од Пиран кој го тужел соседот за штета од 13 евра судскиот процес завршил како босанската поговорка “Поскапа е питата од тепсијата“. Имено трошоците за едногодишното судење биле скоро 100 пати поголеми од штетата, а морал да ги плати од сопствениот џеб.


Тужителот се обидувал да докаже дека предмет фрлен од балконот на соседот му го скршил огледалото на веспата, но во постапката не успеал во тоа.