Судот во Бразил одлучил дека локалниот МекДоналдс мора да му плати оштета од 20 илјади долари на еден поранешен вработен бидејќи во 12 години, колку што работел таму, се здебелил 29 килограми. Човекот која работел како управник рекол дека секој ден морал да ги дегустира состојките на храната за да утврди дека истите се квалитетни и дека се е во ред со производите.


Изјабвил и дека компанијата на вработените им давала секојдневен оброк и така дополнително внесувале калории во неговата и без тоа нездрава исхрана. Идентитетот на човекот не бил објавен. Пресудата против ресторанот ја донел судијата Жоао Фињо, а од МекДоналдс имаат право на жалба.