Американсите власти го истражуваат случајот на човек кој тужел казино во Лас Вегас бидејќи дозволиле да изгуми 500 илјади долари, а бил мртов пијан. Марк Џонстон, кој на поднел тужбата, потсетил дека законот на сојузната држава Невада им забранува на казината да им дозволуваат на „лицата по видливо дејство на алкохол или дрога да учествуваат во игри на среќа“. Минатиот месец тој бизнисмен сватил колку пари изгубил дури кога наредното утро се разбудил во хотелската соба.
Марк Џонстон вели дека поначл да пие уште пред да полета од Лос Анџелес за Лас Вегас со пријателка, па не се сеќавал на ништо од тоа што се случило таа ноќ. Според медиумите, испил уште дваесеттина пијалоци за време на играта и бил толку пијан што повеќе не ги распознавал картите кои ги имал во рацете. Гомилајќи го долгот продолжил да игра додека неговата пријателка мирно отишла да спие, немајќи поим каква финансиска драма се одвива кај нејзиниот пријател.