Ноќта започнала со угодна вечера во еден ресторан во Јилин во Кина, а завршила на тој начин што десеттина вработени го туркале автомобилот во кој бил нивниот пијан шеф до неговата куќа полни 5 километри. По вечерата во ресторанот заклучиле дека никој од нив не е доволно трезен да би го управувал автомобилот. Во Кина, имено, неодамна стапил на сила ригорозен закон кој за возењето во пијана состојба пропишува казна затвор и висока парична казна. Поради тоа, никој од нив не сакал да ризикува.


Откако на шефот Занг Феи не му се допандала идејата да го остави автомобилот паркиран пред ресторанот, еден од вработените се досетил дека би можеле да го туркаат до куќата. Пијаниот шеф седнал во него, а десетината вработени почналде да го туркаат. Бидејќи и самите биле попричилно пијани, им бил потребен еден час, проследен со смеење и песна, да го однесат автомобилот до 5 километри оддалечениот дом на нивниот шеф. Минувачите биле воодушевени и цел пат ги фотографирале.