Идентична брада, ист нос, исти уши и поглед. Шкотланѓанецот Нил Томас Даглас не можел да им поверува на сопствените очи кога, заземајќи го своето место во авион, седнал покрај човек кој бил ист како него. Се запрашал колкави се шансите да го сретнете својот двојник во авион? Би се рекло многу мали, но токму тоа му се случило на летот за Галвеј во Ирска. Се на обајцата делувало слично, за што сведочи и фотографијата која ја снимил, а потоа и поставил на интернет еден пријател на Даглас.

 

Фотографијата набрзо била поделена неколку илјади пати на социјалните мрежи, а своја фотографија поставија уште неколку двојници на Даглас. За целиот настан да биде уште поинтересен, Даглас и неговиот двојник отседнале во истиот хотел во Галвеј. За да го прослават овој низ неверојатни случајности отишле на пиво и своето дружење го овековечиле со нова фотографија која исто така заврши на социјалните мрежи.