Една храбра жена го спасила сопругот, кој бил нападнат од тигар во близина на својот дом во Малезија, така што го удрила тигарот со кутлача. Разлутената голема мачка го нападнала Тамбун Дедин додека ловел верверици недалеку од својата куќа. Тамбун се обидел да се качи на дрво, но тигарот успеал да го дофати и да го повлече на земја.
Неговата сопруга Ханс Бесау слушнала повици за помош, па побрзала да го спаси. Тигарот го нападнала „вооружена“ само со кутлача, а по неколку удари по главата тигарот се уплашил и побегнал. Локалните ренџери планираат да го пронајдат тигарот и да го протераат подлабоко во џунглата каде што му е местото.