Марко Менози возел со 110 километри на час во јужна Италија. Удрил едногодишно куче кое се нашло на патот во погрешно време. Меѓутоа, Менози го удрил току силно што кучето ги скршило пластичните решетки и се заглавило во дупка под хаубата. Успеало да се задржи се додека Менози конечно не сопрел после 25 километри. Преживеало за среќа само со скршена нога.
„Не е ни свесно колку имало среќа“ – рекол полицаецот.
Се спасило затоа што автомобилот го удрил толку силно. Ударот да бил послаб, би се одбило од автомобилот и би го убиле тркалата.