Териерот Џејк добро се опоравува откако неговиот сопственик, столар од Флорида Кејс, нурнал во океанот за своето милениче да го извади од страшната челуст на ајкула.
Грег Ле Ноир вели дека Џејк, како и секој друг ден, го однел на капење во марината. На површината одеднаш се појавила ајкула која го зграбила неговото милениче.
Почнал да вика, ги стиснал дланките и нурнал, па ја мавал ајкулата по грб, која најпосле го пуштила Џејк.
И сопственикот, и кучето сигурно стигнале до брегот. Кучето заработило неколку рани, но не е тешко повредено.