Еден британски познавач на вина го соборил светскиот рекорд во држење повеќе вински чаши во една рака, бидејќи со 51 часа за вино го соборил претходниот рекорд од 39, соопштиле организаторите на настанот.

Филип Осентон, консултант за вина во Пекинг, во вториот обид успеал да сложи 51 чаша и да ги држи во левата рака. Остентон, чија работа на почетокот на кариерата во големите лондонски хотели „Риц“ и „Шевој“, била да сложи десетина чаши во краток временски интервал, изјавил дека тоа била основата за овој подвиг. Претходниот рекорд од 39 чаши го поставил еден филипинец во 2007 година во ресторан во Барселона.