Еден американец од Вајоминг го соборил светскиот рекорд по бројот на пирсеви ставајќи 1501 игла на грбот и нозете. Со тоа го соборил досегашниот рекорд кој изнесувал 304 пирсеви и би требало да влезе во Гинисовата Книга на рекорди.
Сето тоа го сторил пред публика од стотина љубопитни луѓе во студиото за тетоважи “Болка на продажба“ во гратчето Жилет. Поставувањето на иглите траело 4 часа и 27 минути. Тој притоа не испуштил ниту глас. По соборувањето на рекордот му биле отстранети сите игли, освен една на грбот.