Еден град во Централна Кина преименувал една планина по големиот филмски хит „Аватар“. Величествениот врв во покраината Хунан, кој претходно го нарекувале со друго име сега се вика „Планина на славата на Аватар“.


Во извештајот кој владата го објавила на својата официјална интернет страница во понеделникот рекле дека веруваат дека авторите на филмот инспирација за Планината која плови, која се среќава во филмот, нашле токму во нивната планина. Аватар во Кина бил прогласен за најпопуларен филм на сите времиња.