Лиса Ду Приз од Енфилд некогаш била машко по име Луис. На 22 години започнала со промена на полот. На почетокот ниту нејзиниот вереник Џон Ворд, кој го запознала минатата година, не ја знаел правата вистина се додека таа не му открила. Тој го прифатил тоа и планира брак со неа. Лиса рекламира долна облека и признава дека промената на полот била многу болна.
Вели дека на скала од еден до десет болката при операцијата била десет. Уште од седум години многу сакала да се шминка, се облекувала во фустани, а на училиште премногу ја задевале оти била многу женствена. На 22 години започнала хормонска терапија и на крајот станала женско. Вели дека е среќна и конечно го добила она што го сака.