Еден англичанец бил казнет поради тоа што го извел своето куче на прошетка, така што седел во автомобилот и бавно возел, додека кучето трчало покрај автомобилот. Обвинителите известиле дека Пол Рејлтон бил забележан како вози по селскиот пат, истовремено држејќи го кучето покрај својот автомобил кој бил во движење.
Пред судот тој се изјаснил за виновен за несовесно управување со автомобил. Признал дека прошетката на кучето била многу непромислена. Поради новите казнени поени кои ги добил, кои биле додадени на веќе постоечките, Рејлтон нема да смее да вози во наредните шест месеци. Освен тоа ќе мора да плати и парична казна од 100 долари.