Кларк Литл (39) од Хаваи, опседнат е со брановите и сурфањето. Често го ризикува животот за да сними спектакуларни фотографии од кои некои се навистина големи. Почнал да сурфа во 90-тите години во познатиот залив Ваимеа на Хаваите. Повеќето фотографии се снимени таму. Тој го презентирал албумот со фотографии од кој некои го подзапираат здивот. Таткото на двете деца признава дека свесно го ризикува животот, но љубовта кон морето и сурфањето е преголема.
„Често сум во вода пред зората за да можам да снимам совршен бран во моментот на изгрејсонце. Најмногу сакам да ги фотографирам брановите од внатре, иако знам дека тоа е многу опасно“ – рекол американецот.