Пензионерката ЛУ Сајмондс од Дорсет, Британија, го прославила својот 90ти роденден баш онака како што сакала – на мотор. Нејзиниот син Грем, дошол на идеја на својата мајка за роденден да и организира незаборавна прослава.


Пред неколку години покрај нивната куќа поминувала колона со Harley Davidson. Лу коментирала дека многу нешта во животот направила, но дека неостварена желба и е да се вози на таков мотор. Грем се сетил на тоа и и организирал возење на мотор со бројни членови на здружението на фанови на Harley Davidson.