Џорџ Келер во саботата го прославил 100-тиот роденден. Неговиот постар брат никако не сакал да ја пропушти јубилејната прослава на помладиот брат. Патувал 3200 километри за да присуствува на забавата која ја организирала ќерката на славеникот. Присуствувале околу 80 пријатели и членови на семејството.
На Џорџ му било мило што наполнил 100 години и рекол дека сака да доживее 200. Џорџ е во количка откако го скршил колкот, а инаку и обајцата се со добро здравје. За подарок од постариот брат добил илјада долари.