Бидејќи кога наполнил 45 години фирмата му пропаднала, Жан Беливу се упатил на своето животно патување. Како би побегнал од сите проблеми со кои се соочувал, тргнал на пат околу светот, и тоа пешки. Зад себе ја оставил долгогодишната девојка Луси Арсамболт, која за сите 11 години, колку што траело неговото патување, му давала поддршка и не се обидувала да фо одврати од планот.


Одел 11 години, минал повеќе од 75 илјади километри и посетил 64 земји. Минал планини и пустини, јадел змии и кучиња. Во Индонезија го заробиле, во Мексико се вљубил, а во Етиопија за малку не се откажал од се. Патувал без пари и спиел во вреќа. Вели дека го остварил својот сон.