Британецот Џејсон Куки тврди дека животното од 20 метри, кое го воочил сурфајќи на интернет е всушност легендарното чудовиште кое живее во Шкотското езеро Лох Нес. Не можел да им поверува на своите очи бидејќи изгледало токму онака како што го опишувале чудовиштето.


Ентузијастите веруваат дека животното е плесиосаур, воден влекач кој живеел на почетокот на јурското време. Адријан шајн, кој работи на проектот за чудовиштето од Лох Нес ја опишал сликата како многу интригантна и рекол дека ќе и посвети посебно внимание.