Даниел Бароу од Брајтон, Велика Британија, пред повеќе од десет години престанал да се занимава со професионален риболов бидејќи некој му го украл бродот и подоцна отворил мало претпријатие. Се изненадил откако добил повик од полицијата за да го известат дека по 11 години потрага го пронашле неговиот брод.


Бродот долг 4,6 метри полицијата го пронашла во заливот Брајтон. Детективот Кери Милхаус рекол дека украдениот брод се обиделе да го пријават како рачно изработен. Внимателно ги проверил информациите и сфатил дека човекот кој го пријавил не е неговиот вистински сопственик. Тие и понатаму го истражуваат случајот за да откријат кој го украл бродот.