Кога мачорот по име Полди во 1996 година исчезнал од својот дом во Минхен, неговите сопственици со месеци ги пребарувале околните улици, но на крајот се помириле со фактот дека го изгубиле својот миленик. Меѓутоа, чуден сплет на околности довел до тоа 16 години подоцна Полди конечно да биде вратен дома. Еден постар човек и неговиот син пешачеле низ шумата која се наоѓа на отприлика 30 километри од домот во кој живеел изгубениот мачор.
Во шумата забележале како седи една мачка која делувала болно, пренеле германските медиуми. Ја одвеле мачката дома и ја хранеле како малку би закрепнала, а потоа забележале дека на телото има ознака. Го контактирале засолништето за изгубени животни каде вработените во базата на податоци пронашле дека мачорот и припаѓал на жена по име Моника Мозер. Така Моника по 16 години повторно го зела Полди во своите раце и го примила во својот дом. Мачорот имал проблеми со тироидната жлезда и му била потребна нега која сигурно немало да ја добие во шумата.