Луси исчезнала од куќата на британците Соња и Вилијам МекКерон во февруари. Залудно ја барале неколку месеци и веќе се откажале. Но, тогаш примиле повик од центарот за животни од Единбург, Шкотска. Сопственик на градина во Ист Лотиан ја нашол 17-годишната Луси и ја однел на скенирање за микрочип.


– Мислевме дека никогаш повеќе нема да ја видиме. Кога се вратив од тоалет, повеќе ја немаше. До тогаш никогаш се немаше изгубено, но затоа сега ќе внимаваме повеќе некој да не ни ја украде-изјавила Соња.

Дејв, од центарот за животни се сомнева дека некој ја украл.

– Можеби некој мислел дека е загубена и дека така и прави услуга – вели Дејв.