Швеѓанката Лена Палсон добила најубав новогодишен подарок, бидејќи го пронашла својот веренички прстен, кој го изгубила пред 16 години, и тоа на морковите кои ги одгледувала во својата бавча. Таа прстенот од бело злато го извадила кога со ќерката припремала храна за прославата на Божик во 1995 година, а кога завршила нигде не можела да го пронајде. На крајот се откажала уверена дека никогаш повеќе нема да го види.
Чудото се случило неодамна, кога отишла во бавчата да ги навади морковите, и на еден од нив го здогледала својот прстен. Лена претпоставува дека пред 16 години прстенот некако паднал во лавабото, кога истото било полно со лушпи од компири. Лушпите подоцна им ги дале на овците, а една од нив најверојатно го проголтала прстенот која тага доспеал до ѓубривото во бавчата. Рекла дека никогаш повеќе нема да го извади од раката.