Една правничка од Индија го променила својот пол, бидејќи тоа бил единствениот начин на го избегне бракот, кој според индиската традиција, бил претходно договорен од нејзините родители.


Жената која не сакала да го открие својот идентитет, изјавила дека е подобро да биде машко, отколку жена која би патела во брак склопен без нејзина волја. Лекарите од болницата не сакале да ја извршат операцијата, но се согласиле откако дознале дека доколку не ја направат жената ќе изврши самоубиство.