Едно момче од Јорк, Небраска, влегло во општинската зграда како Тајлер Голд, а излегло како Тираносаурус Рекс. Ова 23-годишно момче, имено, го променило своето име во Тираносаурус Рекс.

Тој за овој потег се одлучил поради тоа што, како што рекол, во претприемачкиот бизнис со кој се бавел било важно да се има препознатливо име. Кога судијата го запрашал дали името го менува како би се сокрил од кредитори или полицијата, тој без размислување одговорил со не.