Руската вселенска капсула слетала во саботата во Казахстан околу 420 км подалеку од предвиденото место на слетување, но тричлениот екипаж е добро, објавила руската контрола на мисијата.
-Капсулата слета нешто понатака. Такви работи се случуваат, изјавил портпаролот на контролата на мисијата Валериј Линдин.
Капсулата слетала 20 минути подоцна отколку планираното.