Една баба која има 62 години го продава целиот свој имот, вклучувајќи ја и куќата за да патува низ светот на својот Харли Дејвидсон. Во куќата вредна 200 илјади фунти живеела 20 години. Возејќи со својот мотор низ Британија и Европа веќе има поминато 160 илјади километри.


Сега сака да ги посети САД, Јужна Африка и Блискиот Исток. Вели дека само еднаш се живее и сака тоа да го искористи. Ја сака својата куќа, но моторот го сака многу повеќе. Се вљубила во моторите додека била во врска со поранешното момче. Вели дека е неверојатно чувството во љубителите на Харли Дејвидсон се држат заедно и меѓусебно секогаш се помагаат.