Анонимен човек објавил оглас дека продава проколната Хонда Акорд, која вози сама и звучниците трештат иако не се вклучени. Вели дека хондата пробала да го убие неколку пати и дека со неа владее духот на покојниот сопственик.
Ја купил во Јапонија пред седум години и целосно ја обновил бидејќи била уништена во сообраќајна несреќа.
Од звучниците се слушало необично мумлање иако автомобилот нема ниту радио ниту антена. Хаубата навечер се кревала сама, а колата понекогаш и сама палела кога тој ќе влезел во неа. Тврди дека штом ќе влезел во хондата веднаш чувствувал некоја неудобност.