Американците Ана Мари Ригс и нејзиниот сопруг Брендон од Индијана биле обвинети дека го продале својот четиримесечен син на осудуваните дилери Стефен и Мелиса Линч пред две години. За момчето добиле 13 илјади долари, половен автомобил и 50 таблети. Момчето се родило како метадонски зависник, поради зависноста на неговата мајка. Парот тврдел дека го дале бидејќи не можеле да се грижат за него.


Следните две години примале помош за синот, иако не живеел со нив. Случајот бил откриен дури откако двата пара се обиделе да го легализираат посвојувањето оваа година. Семејството Линч поднело барање, а полицијата добила дојава дека детето е продадено. Момчето, кое сега има две години, било сместено во центарот за социјални грижи.