Роб Кларк (36) дал отказ од работа, ја продал куќата и купил јахта. Се што му останало го ставил во бродот и тргнал на пат околу светот. Отворил веб страница на интернет на која посетителите ќе му ја креираат рутата на патување.


Откако прочитал книга во која авторот донесува животни одлуки врз база на фрлање коцки, одлучил и тој да се обиде. Ги споил љубовта спрема едрењето и коцките.

На пат тргнува на 21 септември од Портчестер, а не знае кога ќе се врати. Се зависи од посетителите на веб страната кои ќе одлучуваат по кој пат ќе плови.