Еден 14-годишен германец го заложил за 300 евра мајчиниот накит, чија вредност десет пати ја надминувала таа сума, како за себе и за својот другар да плати услуги на проститутка во еден бордел, соопштила германската полиција. Мајката на момчето поднела тужба за кражба против синот кој признал дека го заложил накитот. Портпаролот на полицијата во градот Карлсруе, каде случајот бил забележан, рекол дека не ги знае мотивите на мајката и зошто поднела тужба.
Тој додал дека е можно да сака да го научи на лекција, или сепак смета дека ја изгубила контролата врз него. Полицијата исто така започнала истрага против јавната куќа која момчињата на посетиле. Во Германија проституцијата е легална, но клиентите мора да бидат постари од 18 години. Управникот рекол дека ги одбил момчињата бидејќи биле малолетни.