Една русинка е осудена на 15 месеци затвор бидејќи го прободила својот сопруг со кујнски нож во окото бидејќи одбил да излупи компир.

Сопругот побарал лекарска помош дури по три дена и прво тврдел дека сам се повредил, но потоа сепак ја кажал вистината. Тој е сега речиси целосно слеп на левото око.


“Жртвата го молеше судот да биде благ према неговата сорпуга“, вели изворот од државното обвинителство.

Жената од предградието Пенза во центарот на Русија веќе била во затвор поради убиство, а сопругот го запознала веднаш по излегувањето од затвор.