Еден 67-годишен возач, на кој ногата му се заглавила помеѓу кочницата и педалата за гас, го пробил надворешниот ѕид на седмиот кат на една јавна гаража во Оклахома, САД. Возачот Ралф Хадсон изјавил дека возел во рикверц во гаражата во местото Талса.
Возилото го пробило ѕидот, но за среќа навреме застанало, висејќи со гепекот и задните тркала на другата страна од ѕидот. Вработените во гаражата успеале безбедно да го внесат автомобилот во зградата.