Кениецот Роберт Неру од градот Накурија ја убедил полицијата да го уапси куќниот љубимец откако му ги изел парите од станарината. Го одвел кучето во локалната полициска станица и објаснал дека парите ги оставил на креветот и заминал на работа.


Кога се вратил на подот нашол само неколку искинати банкноти. Го одвлекол кучето до полиција и им платил за да го затворат. Но кога полицискиот шеф дознал за апсењето го ослободил кучето и го испуштил од работа полицаецот кој примил мито. Роберт сеуште не му простил на кучето и сега го продава.