Една млада жена удрила во уличен столб со автомобил Фиат 500 кој се превртел на покривот. За среќа таа и нејзиниот инструктор се здобиле само со полесни повреди. Автошколата која ја посетувала оваа 20-годишна девојка соопштила дека инструкторот постапил смирено, професионално и брзо, враќајќи се на работа со нов автомобил.


Еден очевидец изјавил дека прво слушнал како автомобилот забрзува, а веднаш потоа силен тресок. Стравувал да не се запали автомобилот, бидејќи бензинот почнал да истекува. Девојката пак, рекла дека едвај чека да започне следниот час.