Една американска тинејџерка ја слушнала мајка си како писка, и мислејќи дека љубовникот ја напаѓа ги повикала пријателите кои го претепале со палка за безбол. Полицијата ги привела 16-годишната ќерка и тројца нејзини пријатели под обвинение за физички напад.
Тие упаднале во спалната соба и го претепале 25-годишниот љубовник. Добил полесни физички повреди. Мајката тврди дека не вриштела, туку едноставно испуштала љубовни воздишки.