Американка е уапсена бидејќи наводно го претепала својот вереник на нивната вереничка забава. Замениците на шерифот во Китсап, Вашингтон, изјавиле дека 12 годишниот син наводно го видел вереникот на својата мајка како се бакнува со нејзината пријателка.


Тогаш жената ја исфрлила пријателката и вереникот од куќата, а потоа почнала да го удира по лицето. Го паднала на земја и продолжила да го мава. Му го фрлила часовникот во грмушките и му ги скршила очилата. Полицијата ја привела под обвинение за нанесување тешки телесни повреди. По испитувањето, ја пуштиле. Не се знае дали сепак се венчале.