Американската порно актерка Сторми Даниелс, со вистинско име Стефани Грегори Клифорд не била задоволна со своите алишта откако сопругот ги донел од малската перална во Тампа, Флорида. Уште повеќе се налутила кога видела некои неплатени сметки. Нејзиниот сопруг изјавил дека го тепала со рацете по главата.


Фрлила со саксија за цвеќа, го искинала семејниот албум и ги искршила свеќите на масата. Даниелс, иако официјално нема објавено, заинтересирана е да се кандидира за сенаторка во Луизијана во 2010 година. Ако ја осудат за семејно насилство нема да може да се кандидира.