Осумнаесетгодишната Инез Нунез била уапсена откако го претепала своето момче бидејќи не сакало да води љубов со неа. Полицајците од американската држава Флорида во вторникот морале да интервенираат поради повикот на момчето, кое тврдело дека девојката го претепала.

Тој раскажал дека тие двајца се скарале и дека девојката го удрила откако и рекол дека е грда и одбил да води љубов со неа. Инез прво изјавила дека нејзиното момче прво ја удрило неа, а потоа ја давел. Меѓутоа, полицијата набрзо утврдила дека оваа приказна е неточна, после што била уапсена.