Бил Гејтс, веќе не е е најбогатиот човек на светот. Од тронот го симна Амансио Ортега (79), шпанскиот текстилен магнат и сопственик на трговскиот синџир „Зара“.
Како што објави магазинот „Форбс“, основачоте на „Зара“ и мултимилијардерот го престигна Бил Гејтс со богатство од 79,8 милијради долари, односно 71,83 милијарди евра. За разлика од повеќето најбогати луѓе на светот, Ортега потекнува од сиромашно семејство.
Роден е 1936 година за време на шпанската граѓанска војна, а неговото семејство едвај спојувало крај со крај. Амансио го напуштил училиштето како тинејџер и се вработил како доставувач во трговија.
На 40-годишна возраст во 1976 година ја основал „Зара“, брзорастечки моден малопродажен синџир кој првин се проширил во Шанија, а потоа во Португалија и Франција, а денес е присутен во цел свет.
Според „Форбс“, богатството на Ортега во изминатите 24 часа пораснало за 5,3 отсто односно за 4 милијарди евра за што делумно се заслужни и акциите на „Индитекс“, компанија која ја поседува „Зара“.
OhridNews